Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Абутовиќ со солзи во очите се заблагодари на Стоилов и вардаровите навивачи
(ВИДЕО) Абутовиќ со солзи во очите се заблагодари на Стоилов и вардаровите навивачи

(ВИДЕО) Абутовиќ со солзи во очите се заблагодари на Стоилов и вардаровите навивачи

Вардар покажа дека е голем клуб, кој не ги заборава играчите кои оставиле длабока трага и дале голем придонес во успесите на тимот. Еден од нив е Илија Абутовиќ, кој седум сезони беше дел од Вардар, со кој освои се што можеше, а сигурно најдраг трофеј ќе му биде од Лигата на Шампионите.

Капитенот на црвено-црните, Стоилов пред да започне мечот му подари дрес од Вардар со натпис “Илија фала ти за се„. На овој гест не останаа рамнодушни ни луѓето од ЕХФ, кои направија специјално видео од овој момент.