Трета сезона по ред Вардар успеа да се избори за пласман на завршниот турнир во Келн, каде ќе има можност да се бори за втората Европска титула во својата историја. Предноста од осум голови на дуелот во Скопје се покажа како доволна за вардарци да го заверат учеството на Ф4 турнирот.
Игор Карачиќ беше еден од предводниците на Вардар, како на првиот, така и на реванш мечот во Пик Сегед, па ЕХФ повторно го смести во најдобриот тим на реванш мечевите од ЛШ, овој пат како најдобар среден бек, а хрватот беше и најефикасен играч на дуелот со 8 постигнати голови. Видеото со идеалниот тим на неделата во ЛШ, можете да го погледнете на линкот, ТУКА.