Медија тимот на СЕХА направи избор на најдобриот тим, на осмина-финалните натпревари. Познато е дека Вардар беше подобар од тимот на Металопластика во оваа елиминациска рунда и обезбеди пласман во осумте најдобри екипи во ова натпреварување.
Во идеалниот тим се најдоа дури четворица играчи на Вардар. Се работи за крилата Дибиров и Чупиќ кои заедно искомбинираа 22 голови на двата натпревари, потоа Јотиќ кој во отсуство на Гаџа беше главниот организатор на играта на црвено-црните, како и младиот голман Марко Кизиќ кој на вториот дуел имаше вкупно 16 одбрани.
Видеото со најдобриот тим во 1/8 финалето на СЕХА, можете да го погледнете на линкот, ТУКА