Во уште еден неизвесен натпревар, Вардар загуби минимално од екипата на Пик Сегед (34:33). Вардарци имаа плус два на полувреме (15:17), но противникот направи пресврт во вториот дел кога поведе со шест голови разлика. Нашиот шампион се врати во дуелот кога намали на само гол негатива, но домаќинот не дозволи до крајот да го испушти водството.
Погледнете ги најинтересните моменти од овој натпревара кој беше прогласен за меч на неделата во ЛШ.