Вардар иако ослабен за неиграњето на неколку играчи, сепак успеа да ја запише втората победа во рамките на СЕХА-лигата. Во С.Ц. Јане Сандански убедливо ја совладавме екипата на Железничар (35:20). Противникот даде отпор само во првото полувреме, а црвено-црните во вториот дел покажаа дека разликата во квалитет е голема.
Погледнете ги најинтересните моменти од овој натпревар.