Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Момците на Будимир “по старо“, повторно победуваат на доминантен начин
Момците на Будимир “по старо“, повторно победуваат на доминантен начин

Момците на Будимир “по старо“, повторно победуваат на доминантен начин

Кадетите на ракометниот клуб Вардар, денес го   одиграат деби колото во новата сезона 2018/2019 во машката кадетска лига. Ние сме дел од групата-1 во кадетската конкуренција. Првото коло го игравме  како домаќини и ја пречекавме  екипата на РК Алушовски. Момците на Адријана Будимир своите врсници високо ги поразија со резултат 43-17.

Првиот дел го отворивме со почетни 3-0 и највиме дека ќе доминираме на овој натпревар. Гостите со еден гол намалија на 3-1, по што следуваше серија 6-0 со која поведовме со плус осум, 9-1. Во вториот дел од првото полувреме со одлична игра од минута во минута ја зголемувавме предноста. Оваа екипа како и претходно ја краси одличната игра во одбраната која дава прилика за лесни голови во поле. На одмор заминавме со дури 15 гола повеќе од противникот, на семафорот во малата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје стоеше 24-9 за црвено-црниот тим.

Вториот дел од овој деби дуел во кадетската машка лига запона со малку по рамноправна игра па по 4.минути играш беше 26-10 за нашите момци. Потоа црвено-црниот кадетски тим ги “вклучи моторите“ и  успеаа за катко да отиде на 20плус, ние поведовме со 31-11. Се до крајот беше формалност, само додатно ја зголемивме предноста до 26 гола пред противникот. На крај славевме со резултат 43-17.  На овој дуел најдобар стрелец за нас беше Савревски Давид  со 8 гола, апак Пешевски Андреј и Мирчевски Давид дадоа по шест гола.