Вардар нема време за чекање по поврeдата на Горбок, па веќе експресно е најдена негова алтернатива во името на Грегор Оцвирк кој доаѓа од редовите на Целје од Словенија.
Се работи за млад и талентиран 20 годишен играч, кој беше најзаслужен за јуниорското злато на Словенија на последното Европско првенство.
Оцвирк во текот на утрешниот ден или најдоцна во петок ќе пристигне во Скопје, каде и ќе биде официјално промовиран во новиот тим. На колку години ќе биде договорот, очекуваме информации во текот на утрешниот ден.