Нашиот ракометен шампион е уште еден чекор поблиску до освојување на првото место во најсилната група Б, кое носи директен пласман во четвртфиналето. Вардарци ја поминаа можеби најголемата пречка кон остварување на целта, совладувајќи ја екипата на Пик Сегед на нивниот терен. Ова беше и четврти последователен триумф во дуелите со овој противник. Конечниот резултат гласеше 21:23. Најефикасен беше Дибиров со 6, додека Карачиќ додаде 5 погодоци.
Видеото со најинтересните моменти од победата против Пик Сегед можете да го погледнете на линкот ТУКА.