Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Вардар добива лев бек налик на Борозан, кој располага со одличен шут од далечина
(ВИДЕО) Вардар добива лев бек налик на Борозан, кој располага со одличен шут од далечина

(ВИДЕО) Вардар добива лев бек налик на Борозан, кој располага со одличен шут од далечина

Тренерот на двократниот Европски шампион, Стевче Алушовски, го потврди првото засилување на тимот за наредната натпреварувачка сезона. И дефинитивно во ,,црвено – црните” редови доаѓа јуниорскиот репрезентативец на Русија од последното Светско првенство, Дмитри Санталов.

Санталов е корпулентен лев бек, кој е висок 196 сантиметри и тежок 87 килограми, располага со силен удар и пред се прецизен. Оваа сезона во Л.Ш, постигна 38 погодоци за тимот на Чеховски Медведи.

Му посакуваме добредојде во дресот на Вардар, а вам ви препорачуваме да го погледнeте ова видео од нашиот нов шутер.

Видео од новотo засилување на РК Вардар: