Роберто Гарсија Парондо во својата дебитантска сезона како прв тренер на еден машки ракометен тим, успеа да обезбеди историски пласман на еден завршен турнир.
После заминувањето на Раул Гонзалез, шанса да го води Вардар доби токму Гарсија Парондо. Иако со изменет состав од претходната сезона со заминувања на неколку важни ракометари, сепак црвено-црните повторно покажаа квалитет и пред се карактер и трет последователен пат ќе имаат можност да се борат за Европската титула.
ЕХФ го смести Гарсија Парондо во изборот за најдобар тренер на сезоната во Лигата на Шампионите. Покрај него во овој избор се најдоа уште и Чави Пасквал ( Барселона), Хуан Карлос Пастор ( Пик Сегед), Раул Гонзалез ( ПСЖ) и Маик Махула од Фленсбург.
За првпат, гласањето ќе се одвива исклучиво преку новата смартфон апликација VELUX EHF FINAL4. Апликацијата може да се преземе на iOS или Android.
Изборот за најдобрите тренери можете да го погледнете на линкот, ТУКА.
За Гарсија Парондо можете да гласате на линкот, ТУКА.