Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Кизиќ блесна на голот, сите одбрани на дуелот со Елверум
(ВИДЕО) Кизиќ блесна на голот, сите одбрани на дуелот со Елверум

(ВИДЕО) Кизиќ блесна на голот, сите одбрани на дуелот со Елверум

Марко Кизиќ уште еднаш докажа дека се работи за млад и талентиран голман чие време допрва во доаѓа. Во конкуренција на многу поискусните и повозрасни Ристовски и Кантегрел, младиот Кизиќ на дуелот со Елверум покажа дека на него треба сериозно и многу повеќе да се смета до продолжение од сезоната.

Кизиќ блесна на голот во дуелот со Елверум, завршувајќи го натпреварот со вкупно 12 одбрани, кои на крајот се покажаа како недоволни за неговиот тим да слави победа. Благодарение на неговите интервенции, од кои некои беа и чисти зицери на противникот, тимот на Вардар се одлепи на четири голови, имавме и напади за плус пет, но сето тоа пропадна во „вода“, на крајот Елверум се избори за нерешен резултат.

На линкот, ТУКА, можете да ги погледнете сите одбрани на Марко Кизиќ.