Sunday ,07 March 2021
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нема одмор, денес РК Вардар ќе игра меч во Купот
Нема одмор, денес РК Вардар ќе игра меч во Купот

Нема одмор, денес РК Вардар ќе игра меч во Купот

Нема многу време за одмор на црвено-црните, после вчерашниот дуел против Елверум, денеска имаат натпревар во Купот на Македонија. Не очекува осминафиналниот Куп натпревар против тимот на  Текстилец.

Станува збор за начелно лесен дуел чиј победник оди понатака во најмасовното натпреварување, момците на Алушовски се големи фаворити. Напреварот на кој сме домаќини ќе се игра денес, понеделник со почеток во 17:00 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Четвртфиналните групи ќе се играат како и досега, со по четири екипи, а најдобрите од групите обезбедуваат место на завршниот турнир. Четвртфиналето ќе се игра на 31 март и 1 април, додека Ф4 ќе биде од 21 до 23 мај.