Вчера во кугланата при Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, шампионот Макпетрол ја пречека екипата на КК Вардар-А. Сино-жолтите дојдоа до победа на оваа средба со резултат 7:1.
Домаќинот освои 15 сета и собори 3403 “дрва“, наспроти 9.сета на црвено-црните кои дојдоа до бројката 3221 како екипен скор. На овој прв пролетен дуел, односно 3.коло од Македонската кугларска лига, фаворитот ја оправда улогата.
Капитенот, Влатко Стојановски успеа единствен да поентира во дуелите со ривалите. Најдобар резултат кај црвено-црните момци имаше Марјан Згонц со соборени 563 „дрва“, а Дарко Димитровски беше зад него со постигнување 558.
Екипата на Вардар-Б во првото пролетно коло (3.коло во МКЛ, сезона 2020/2021) беше слободна.