Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар со силен тест, Куманово гостува во Скопје
ЖРК Вардар со силен тест, Куманово гостува во Скопје

ЖРК Вардар со силен тест, Куманово гостува во Скопје

ЖРК Вардар конечно го закажа првиот тест-напревар во 2021 година. Подготовките се започнати во јануари, досега единствено тестиравме со кадетскиот тим предводен од Платон Анжела и Папуџиева Марија.

Наш ривал во првиот пријателски дуел ќе биде екипата која оваа есен замина на зимска пауза како убедлив лидер на табелата, тимот на ЖРК Куманово. Кумановчанки овој викенд беа поразени на тест-дуел во Автокомaнда со 28-26 од Металург. Во лигата нашиот следен ривал има 11.победи во есенскиот дел и само едно реми, она на наш терен кога се извадија од пораз во 60.минута од напреварот.

Прв предизвик за кој се подготвуваме како официјален дуел е Купот на Република  Македонија. Во 1/4-финалната  група „В“ сме заедно со екипите на ЖРК Стружанка од Струга и РК Овче Поле СУ од Свети Николе. Победникот од таа средба ќе игра со нас, за место на Ф-4 турнирот. Начелно термин за одигрување е 6/7.март, за домаќинството дополнително ќе се одреди во контакт на федерацијата и екипите учесници во групата.

Пријателскиот дуел  со девојките од Куманово е закажан за сабота (27/02/2021) со почеток во 13-00 часот во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје.