Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Штербик е најдобар играч на полуфиналниот дуел против Брест
(ВИДЕО) Штербик е најдобар играч на полуфиналниот дуел против Брест

(ВИДЕО) Штербик е најдобар играч на полуфиналниот дуел против Брест

Вардарци полесно од очекувањата успеаа да слават во дуелот со екипата на Брест Мешков (33:24) и да се пласираат во големото финале на СЕХА-лигата. Повеќе од заслужен триумф за црвено-црните, со оглед дека во текот на целиот натпревар имаа предност, а истовремено не му дозволија ниту во еден момент на противникот да биде во позитива. Оваа победа изразена со голема разлика, ја направи Арпад Штербик, кој го заврши натпреварот со дури 19 успешни интервенции, со што заслужено е прогласен од страна на СЕХА, за играч на овој полуфинален дуел.

Погледнете само дел од неговите магични одбрани.