Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Арпад Штербик во изборот за најдобри одбрани за месец декември во СЕХА-лигата
(ВИДЕО) Арпад Штербик во изборот за најдобри одбрани за месец декември во СЕХА-лигата

(ВИДЕО) Арпад Штербик во изборот за најдобри одбрани за месец декември во СЕХА-лигата

Екипата на РК Вардар со победа ја затвори година во СЕХА-лигата. Црвено-црните славеа на гостувањето во Белорусија, против екипата на Брест Мешков. Тимот на СЕХА секој месец прави избор на најдобар тим, најдобри голови како и одбрани во ова натпреварување. Во месец декември во најдобриот тим се најдоа Карачиќ и Борозан, место за најубави голови имаше за Вуко Борозан. Објавени се и најдобрите одбрани за месец декември во годината која е веќе зад нас.

Во овој избор се најде Арпад Штербик и неговите одбрани на натпреварот против шампионот на Белорусија. Покрај Штербик, најдобри одбрани во месец декември имаат и Арсиќ (Металург), Борбели ( Веспрем), Скок (Загреб) и Лоргер (Нексе). Погледнете го во продолжение во следното-ВИДЕО