Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар вчера имаше прв собир, Гонзалес “прозиваше“
РК Вардар вчера имаше прв собир, Гонзалес “прозиваше“
Македа, Штербик и Борозан тренираа вчера со останатиот дел од момците..

РК Вардар вчера имаше прв собир, Гонзалес “прозиваше“

Ракометарите на Вардар вчера ги започнаа зимските подготовки. Со првиот собир во Спортскиот центар “Јане Сандански” започнаа момците со подготвување за пролетниот дел од сезоната. На собирот  недостасуваа репрезентативците кои ќе настапат на Светското првенство во Франција кое стартува утревечер.

Голем е списокот на вардарците  кои се дел од СП во Франција. На ова СП од Вардар ќе настапат следните момци: Стојанче Стоилов, Мартин Поповски, Тимур Дибиров, Данил Шишкарев, Александар Деревен, Лука Циндриќ, Рожерио Мораеш, Жоан Кањељас и Алекс Душебаев. Сите овие ќе играат за пет репрезентации.

Кормиларот на “црвено-црните” Раул Гонзалес, ќе има на располагање во овој момент десет ракометари, сите се во ред освен голманот Страхиња Милиќ кој се пожалил на мала повреда на рамото. Според распоредот на мечевите, првиот натпревар Вардар во новата година треба да го има  2-ри февруари  против Нексе во Скопје. Ова е дуел во рамките на регионалната СЕХА лигата. Три дена потоа, на  5-ти февруари гостуваме кај Горење. Првиот меч во ЕХФ Лигата на шампионите ќе го имаме 11-ти февруари, на тој натпревар сме домаќини на ППД Загреб.