Сениорската машка ракометна селекција на Македонија вчера замина за Франција. Кај 23-00 часот ракометарите најпрво заминаа со автобус до Софија, а од таму фатија лет за Мец-Франција. Момците треба денес да пристигнат некаде околу пладне, а според планот првиот тренинг да го имаат во 18-00 часот.
Во екипажот на црвено-жолтите има 19 ракометари од кој двајца се од нашиот Вардар, станува збор за Стоилов и Поповски. Македонската телевизија од ова светско првенство ќе врши преноси од сите мечеви на нашата селекција истите ќе можете да ги гледате на малите екрани во следниве термини (фото). Македонија стартува со своите мечеви во среда.