Голем успех за младинците на Рк Вардар Јуниор предводени од легендарниот “Зенга“ , тие направија навистина голем успех на турнирот во Белград, откако обезбедија пласман во големото финале од истиот.
Тие во последниот меч од групната фаза, успеаа да го победат големиот фаворит на овој турнир, екипата на Партизан од Белград. Противник во големото финале, ќе биде екипата на Дубрава од Хрватска. Младите играчи на Вардар кои ќе играат во финалето на меѓународниот турнир „Трофеј на Белград 2015″ ќе настапат со почеток во 17-40 часот. Од ова големо финале ќе може и публиката која е заинересирана за настапот на црвено-црните надежи, мечот да го проследи низ директен видео линк. Видео линкот ќе може да го отворите (ТУКА).