Денес во 12-00 часот во малата сала при Спортскот Центар “Јане Сандански“ ќе се одигра третиот контролен натпревар на романската екипа Крајова со црвено-црните ракометарки. Денес силите со шестопласираната екипа во првата романска женска ракометна конкуренција ќе ги одмери составот предводен од селекторот на А-селекцијата Симе Симовски екипата на Жрк Вардар Јуниор.
Романките вчера одиграа еден дуел со првиот тим преводен од Кастратовиќ во кој забележаа убедлив пораз со резултат 37-26, а на полувремето беше 21-15. Младите девојки по вторпат се сретнуваат со колешките од Романија во првиот дуел одигран завчера беа поразени со 33-24 во мечот кој се играше во малата сала при Јане Сандански. Романките по овој дуел ги завршуваат мини-подготовките кој ги минаа во нашата земја и на кои одигаа два, а ќе одиграат и трети дуел кој според планот е последен.