Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Финалните мечеви на машката и женска пионерска екипа во Зрењанин можете да ги проследите преку видео стрим
Финалните мечеви на машката и женска пионерска екипа во Зрењанин можете да ги проследите преку видео стрим

Финалните мечеви на машката и женска пионерска екипа во Зрењанин можете да ги проследите преку видео стрим

Изминативе три дена три малдински екипи на РК Вардар се дел од турнирот во Зрењанин. Две наши екипи веќе обезбедија финале на овој силен турнир во Србија.

Пионерките утрово во полуфиналето ја совладаа екипата на Срем (24:18) и денес од 17 часот ги очекува финале против екипата на Просочани. Вчера во четвртфиналето ја победивме екипата на Пролетер. Денешното финале можете да го проследите на следниов линк

Финале на истиов турнир и за машата пионерска екипа предводена од Будимир. Откако вчера во 1/4 ја добивме Црвена Ѕвезда, утрово во полуфиналето бевме подобри и од екипата на Спацва ( 14:11) и на тој начин си обезбедија пласман во финалето. Тука за противник го имаат тимот на Лавови од Бачка Паланка. Натпреварот стартува во 18:20 часот и истиот можете да го следите преку видео стрим.