Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) ЕХФ го одбележа топлиот пречек за Карачиќ во Скопје
(ВИДЕО) ЕХФ го одбележа топлиот пречек за Карачиќ во Скопје

(ВИДЕО) ЕХФ го одбележа топлиот пречек за Карачиќ во Скопје

Изминатиов викенд за прв пат во Скопје гостуваше Игор Карачиќ, како играч на спротивната страна. Вардар и Киелце одиграа одличен меч, на кој ги поделија бодовите играјќи со нерешен резултат 28:28.

Карачиќ доби топол пречек во Скопје, присутните навивачи со огромен аплауз го поздравија неговото појавување на теренот. Освен тоа, капитенот на Вардар, Стоилов му подри дрес како благодарност за придонесот во сите изминати години како дел од Вардар.

Овој момент се најде на радарот на ЕХФ како број еден за изминатово коло. Видеото можете да го погледнете на линкот, ТУКА.