Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 10.коло! Победи за сите топ-5 тимови на табелата, ЖРК Вардар се зацврсти на позицијата број три
Преглед 10.коло! Победи за сите топ-5 тимови на табелата, ЖРК Вардар се зацврсти на позицијата број три

Преглед 10.коло! Победи за сите топ-5 тимови на табелата, ЖРК Вардар се зацврсти на позицијата број три

Викендов се одигра 10.коло (некомплетно) во женската ракометна Супер лига. Се одиграа пет меча, на сите победија екипите кои на табелата се од од првата до петтата позиција. Останува за комплетирање само мечот помеѓу ривалите од Пелагонија, битолски Пелистер и ЖРК Деспина од Прилеп.

Стружанка дома го совлада Кузман, водечките Металург и Куманово немаа проблеми со Ѓорче Петров  и Овче Поле. Екипата која е најпријатно изненадување оваа сезона, Чаир  како гостин го совлада тимот на Алушовски. Вардарки гостувааа во Гевгелија, на крајот од оваа средба важни се бодовите до кои дојдовме со резултат 25-27. Моравме во финишот да правиме пресврт откако губевме со 25-23 на 5.минути до крајот, на меч во кој влеговме како фаворити, но сепак најважни се бодовите во овој момент.

Металург и Куманово се на врвот, тие се неприкосновени успеаа да победат на сите средби досега, вкупно девет и имаат максимални 27.бода. Во следното коло тие два тима ќе се соочат помеѓу себе во дербито на лигата. Вардар ја „резервираше“ позицијата број три на табелата со 21.бод, колку нас освени бодови имаат и Чаир и Стружанка, но тимот од Струга има меч повеќе одиграно. Во следното коло ние сме домаќини на Овче Поле тим од дното на табелата против кој сме фаворити.