Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Доминација на Вардарци, после Војводиќ и Борозан, сега и Тоше Ончев го има најубавиот гол во СЕХА-лигата
Доминација на Вардарци, после Војводиќ и Борозан, сега и Тоше Ончев го има најубавиот гол во СЕХА-лигата

Доминација на Вардарци, после Војводиќ и Борозан, сега и Тоше Ончев го има најубавиот гол во СЕХА-лигата

Фановите изгласаа, Тоше Ончев го има најубавиот гол во четвртото коло од СЕХА-лигата. Вардар го доби мечот со Татран Прешов во ова натпреварување, а еден од головите на Ончев беше прогласен за најубав на тој натпревар. Младиот ракометар на црвено-црните беше во конкуренција зедно со Илиќ ( Металург), Контрец(Загреб), Јелиќ ( Динамо Панчево) и Етер ( Нексе).

Според гласовите на фановите, на крајот Тоше Ончев го доби признанието за најдобар гол во минатото коло од СЕХА-лигата. Претходно истово признание, но во третото коло го доби Вуко Борозан, додека во второто коло за најубав гол беше прогласен тој на Јана Војводиќ. Да напоменеме дека најдобрата одбрана во четвртото коло ја има Даниел Ѓорѓески од Вардар.