Екипата на Вардар после четири одиграни натпревари во СЕХА-лигата има исто толку победи. Црвено-црните беа подобри во дуелите со екипите на Металург, Железничар, Татран Прешов и Стеауа. Дури тројца играчи од црвено-црниот состав се најдоа во идеалниот тим на ова натпреварување, во месец септември. Тоа се голманот Дејан Милосављев кој на секој натпревар во СЕХА имаше двоцифрен број на одбранети удари, потоа Даинис Кристопанс како најдобар десен бек и најдобриот стрелец на Вардар до овој момент, Мораес Фереира е прогласен за најдобар пикер.
Во најдобриот тим се најдоа уште и Максим Баранау ( Брест Мешков) како најдобро десно крило, Халил Јаганац ( Металург) е најдобар лев бек, позицијата среден бек е за Томи Возаб од Нексе, додека најдобро лево крило е Ведран Делиќ од Извиѓач. За најдобар тренер е избран, Хрвоје Хорват од Нексе.