РК Вардар 1961 продолжува да го гради тимот за следната натпреварувачка сезона. Откако стана јасно дека Иван Чупиќ си заминува од редовите на ,,црвено – црните”, управата на вардарци неговата замена ја најде во Дарко Ѓукиќ.
Покрај него, дво-кратниот европски првак успеа да договори уште едно квалитетно засилување. Во Скопје пристигнува и одличниот Анте Кудуз, кој го носи прекарот „Хрватскиот Хансен“.
Кудуз во овој момент настапува за екипата на Динамо Букурешт, каде минатата сезона беше лидер на тимот, а во Лигата на шампионите постигна дури 61 гол.
Да не заборавиме дека во Вардар пристигна и левиот бек Васко Шеваљевиќ, кој одма ќе му се приклучи на новиот тим.
Видео од новото засилување на Вардар 1961, Анте Кудуз можете да погледнете ТУКА.