Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Комити > Започна кампањата на Комити: „Купете билет, за спас на Вардар“
Започна кампањата на Комити: „Купете билет, за спас на Вардар“

Започна кампањата на Комити: „Купете билет, за спас на Вардар“

Фудбалскиот клуб Вардар се наоѓа во лоша финансиска ситуација. Се уште е неизвесно кога ќе започнат подготовките за најтрофејниот македонски клуб во пресрет на пролетниот дел од сезоната.

Навивачката група Комити од вечерва започнува акција, преку која ќе може да се набави билет, со цел да му се помогне на Вардар. Тоа можат да го сторат преку продажната мрежа на „МкТикетс“, на линкот, ТУКА. 

Секој билет значи, секој билет е еден чекор поблиску до целта, за секој билет Вардар ќе ви биде благодарен, но сакајќи да дадеме на значење на историските години за ФК ВАРДАР:

– 47 билети за СПАС НА ВАРДАР негов ќе значат пред се признание за вашето лично учество, но и вашето име ќе биде запишано на клубските ѕидини покрај забележителните моменти од богатата клубска историја.

– 87 или повеќе билети за СПАС НА ВАРДАР ќе ви доделат Сертификат заверен од ФК Вардар, како признание за вашето лично или учеството на вашето Здружение, Организација, Компанија во борбата за спас на Вардар.