Вардаровите навивачи во многу наврати покажале дека се осмиот играч на Европскиот Шампион. Така беше и во саботата, на мечот против Мотор Запорожје на кој Вардар славеше убедлива победа (38:28). Арената Јане Сандански речиси беше исполнета, а навивачите покажаа дека се со играчите и во добро и во лошо.
Медија тимот на ЕХФ ги прогласи за најдобри во 12.коло до Лигата на Шампионите. Видеото можете да го погледнете на линкот, ТУКА.