Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар се искачи позиција погоре, Кил го осигура првото место и директниот пласман во 1/4 финалето
Вардар се искачи позиција погоре, Кил го осигура првото место и директниот пласман во 1/4 финалето

Вардар се искачи позиција погоре, Кил го осигура првото место и директниот пласман во 1/4 финалето

Се одигра и 12.коло во најсилната група Б од Лигата на Шампионите. Победи забележаа екипите на Вардар, Кил, Монпелје и Киелце, коло во кое немаше некое изненадување.

Дербито на колото се одигра во „Шпаркасе Арената“ каде Кил по голема борба го совлада тимот на Веспрем (29:28) и на тој начин го осигура првото место во групата и директниот пласман во четврт-финалето од Лигата на Шампионите. Иако настапија без Винчек и Билик, домаќинот сепак успеа на крајот да стигне до голема победа. Екберг беше играчот кој беше најефикасен на мечот со 8 постигнати голови, додека кај победникот втор стрелец беше пикерот Пекелер со 7 погодоци. Во редовите на Веспрем, се истакнаа Борозан и Нилсон кои запишаа по 5 голови.

86187544_10159361435556102_8184818738176983040_o

Вардар повторно покажа дека е најдобар кога се наоѓа во тешка ситуација. Така беше и на мечот против Мотор на кој црвено-црните пред преполната арена Јане Сандански го „растурија“ тимот на Мотор Запорожје победувајќи со двоцифрена разлика (38:28). Целиот извештај од мечот можете да го прочитате на линкот, ТУКА.

86709750_10159015250055348_5550523928977342464_o

Фаворитската улога на домашен терен ја оправда и екипата на Монпелје која славеше во дуелот со Брест Мешков, отпишувајќи ги белорусите од шансите дека можат да стигнат до осминафиналето. Брест Мешков само во првите десет минути од мечот беше во предност, за Монпелје да направи резултатски пресврт, водство кое го одржуваше до крајот на мечот. Конечниот резултат гласеше 30:26. Дескат беше најефикасен со 11 голови кај победникот, додека кај гостинскиот тим, Баранау постигна 5 голови.

desktop-patriciasports-picture-20200215181104

До очекувана победа стигна и екипата на Киелце во дуелот со Порто. Шамионот на Португалија даде отпор само во првото полувреме, кога во еден момент имаше и позитива од три гола. Сепак Киелце не дозволи изненадување пред своите навивачи, до крајот на првиот дел ја стопија негативата и на полувреме се замина со нерешен резултат. Во првите пет минути од вториот дел момците на Талант Душебаев се одлепија на четири голови разлика, истата ја зголемија и во продолжение од мечот, за на крајот триумфот да стигне со резултат 30:25. Алекс Душебаев постигна 7 голови, додека кај Порто прв стрелец беше Магалаеш со 5 голови.

86757841_3315826808432622_7554035282463424512_o

После ова коло, Вардар се искачи на петтото место на табелата, Кил го осигура првото место во групата, додека пласманот од 2-6 позиција ќе биде познат дури после одигрување на последното коло, со оглед дека мала е разликата меѓу тимовите.

1. Кил  20

2. Веспрем  16

3. Монпелје  15

4. Киелце  14

5. Вардар  11

6. Порто  10

7. Брест Мешков  6

8/ Мотор Запорожје  4