Вчера, во малата сала при СРЦ “Кале“ и последната, највозрасната младинска женска кошаркарска екипа на Вардар одигра дуел. Исто како и помладите колешки тие дојдоа до победа, треба да напоменеме дека овој викенед сите млади тимови на дамите заклучно со сениорскиот предводен од Жаклина Стојановска триумфираа.
ЖКК Вардар М18 беше домаќин на тимот на Струга 2009 од истоимениот град. Ние постојано бевме на чекор пред ривалот успевајќи да победиме 12.поена позитива. Победата дојде со резултат 67-55. Резултатите од победите на помалите тимови на ЖКК Вардар од ден претходно, може да ги пронајдете на нашиот сајт ТУКА!