Генерациите на ФК Вардар родени 2004, 2006 и 2009 година во периодот од 13-16.февруари се натпреваруваа на меѓународниот турнир „Пирин Куп“.
Генерацијата 2004 заврши на второто место, откако во големото финале доживеа минимален пораз од екипата на Черно Море (0:1). Генерацијата 2009 се закити со бронзениот медал, со триумфот во малото финале против екипата на Национал (2:0), додека генерација 2006 го освои четвртото место, со поразот од екипата на Небар (1:0).
На завршната церемонија беа доделени медалите и трофеите за најдобрите екипи.