Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Куглање: Пелистер минимално го совлада Вардар
Куглање: Пелистер минимално го совлада Вардар

Куглање: Пелистер минимално го совлада Вардар

Викендов, екипата на КК Пелисер 1982 од Битола беше домаќин на КК Вардар во меч од 11.коло во Првата Македонска кугларска лига. Битолчани успеаа со минимални 5-3 да дојдат до победа во оваа средба.

По одиграни шест дуела беше 3-3, реми двата поена за подобар тимски скор отидоа кај зелено-белите. Тие соборија 3239 „дрва“, а нашите црвено-црни дојдоа до бројот 3172.  Домаќините имаа 13 сета, два повеќе од нас на оваа средба.

На оваа средба за нас поенираа: Марјан  Згонц кој имаше прв скор од врдарци 565 „чуња“, Дарко Димотровски и Саша Јанковиќ.