Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ЕХФ со комплименти за Вардар: Вардар се надмина на дуелот со Мотор, ќе им биде потребен истиот „борбен дух“ и против Порто
ЕХФ со комплименти за Вардар: Вардар се надмина на дуелот со Мотор, ќе им биде потребен истиот „борбен дух“ и против Порто

ЕХФ со комплименти за Вардар: Вардар се надмина на дуелот со Мотор, ќе им биде потребен истиот „борбен дух“ и против Порто

Вардар одигра добар натпревар во саботата и убедливо го совлада тимот на Мотор Запорожје (38:28) и на тој начин го трасираше патот кон осминафиналето во ЛШ. Иако сме драстично ослабени поради заминувањето на Кристопанс и Атман, сепак тоа не се осети многу во играта на Европскиот Шампион кој делуваше многу мотивирано. Комплименти за играта стигна и од страна на ЕХФ, кои на својата официјална страна дадоа пофални зборови за триумфот на црвено-црните.

Секако тоа беше натпревар против последнопласираниот тим на табелата, Мотор Запорожје, кои имаат само една победа на 12 одиграни натпревари во Лигата на Шампионите, но Вардар покажа дека игра најдобро кога се во најтешка ситуација. Заминувањата на Даинис Кристопанс и Павел Атман сериозно ја загрозија позицијата на Европскиот Шампион, но сепак тие се надминаа себе си, ја забележаа најубедливата победа и го обезбедија пласманот во најдобрите 16 екипи.

Вардар имаше голема поддршка од своите навивачи, кои беа прогласени и за најдобри на викенд колото во ЛШ.

Предводени од своите навивачи во арената Јане Сандански, Вардар стави крај на серијата од пет натпревари без победа. Го поминаа Порто и сега се на петтото место на табелата. Двете екипи во сабота ќе се сретнат во меѓусебен дуел, кој може да биде клучен за конечниот пласман на табелата. 

Во рамките на претпоследното коло гостуваме кај екипата на Порто, дуел кој може да реши која екипа ќе заврши на 5.место во најсилната група Б.

Доколку го освојат петтото место тоа значи дека ќе избегнат судир во осмина-финалето против Пик Сегед или ПСЖ. Затоа на Вардар ќе му биде потребен истиот борбен дух како во саботата, доколку сака да го продолжи натпреварувањето, се вели во анализата на ЕХФ.