Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Европскиот првак Вардар тргна со победа над Висла во новата сезона од ЛШ, Штербик неверојатен
Европскиот првак Вардар  тргна со победа над Висла во новата сезона од ЛШ, Штербик неверојатен

Европскиот првак Вардар тргна со победа над Висла во новата сезона од ЛШ, Штербик неверојатен

 Вардар денес ја отвори  новата сезона во ЕХФ Лигата на шампионите, со дуел против екипата на Висла Плок. Натпреварот се играше во  “Орлен арената“ каде екипата на  Висла Плок го пречека  Европскиот шампион, РК Вардар. Нашиот тим дојде до победа со резултат 22-26.

Први го отворивме натпреварот со погодок за 0-1  во втората минута  преку Кристопанс, домаќините веднаш вратија и изедначија на 1-1. Успеавме во 8.минута повторно преку Кристопанс да поведеме со највисоки “три плус“ односно 2-5. Следеа две исклучувања за нашиот состав сепак, иако со двајца играчи помалку ние се одржавме и примивме само еден гол за 3-5.  Во 11.минута повторно отидовме на “три плус“ со погодокот на Кристопанс за кој ова беше трети гол, односно имаше 50% од погодоците за нашиот состав до тој момент. Некаде на средината од првиот дел Висла успеаа од пенал да намали на само гол негатива, резултатот на семафорот “Орлен арената“ беше 5-6 во наша корист. По 7 минути “пост“ ние погодивме преку Борозан за 5-7. Предноста од “три плус“ конечно ја вративме во 24.минута си голот на Борозан по одлична аситенција на Кристопанс, со кој поведовме со 8-11.  Во финишот одигравме подобро од противникот и на одмор заминавме со четири гола предност, 9-13 резултат со кој се замина на пауза.

Прв со гол во вториот дел на мечот го отвори домашниот тим кој намали на 10-13. Селдеше серија од два гола по ред на домаќините со кој тие намалија на 12-13 во 32 минута. Следеа четири “јалови“ минути по кој домаќинот прв погоди и изедначи на 13-13, но ведаш ние вративме преку Кристопанс. Ние по точно 6.минути во вториот дел првпат погодуваме на овој дуел од прелиминарното коло во ЕХФ лигата на шампионите. Одбраните на Штербик и влегувањето во игра на Циндриќ не направија подобри во однос на почетните минути, во продолжение зголемувавме на 13-15. Со два едноподруго голови Висла изедначи на 15-15 во 44.минута, по што следеше минута одмор побарана од Гонзалес.  Промашивме во напад, Штербик одбрани петти пат во вториот дел и ни даде прилика, која не ја искористи Чупиќ од пенал. Штербик повторно блесна тоа го искористи Шишкарев и погоди за 15-16. Во 22.минута со голот на Дибиров поведовме со 16-20 најавувајќи победа. Во последните пет минути поточно во 55.минута домаќинот имаше напад, побара тајм-аут при наша позитива од 21-17 која најавуваше први бодови за европскиот првак оваа нова сезона 2017/2018 во ЛШ. Следеше наше ново опуштање кое го искористија домаќините и намалија на 19-21 во продолжение, тоа беше “аларм“ Гонзалес да го побара последниот тајм-аут со цел овој натпревар да се заврши мирно и во наша корист. За да се “скршат“ надежите на домаќините се погрижи Лука Циндриќ кој погоди неверојатно со “славом“ низ целата одбрана на Висла за 19-22. До крајот лесно доигравме и победивме со 22-26.

Кај нас Штербик имаше 11 одбрани, Вуко Боразан погоди 5 пати, а Кристопанс 4 пати во мрежата на Висла.