РК Вардар, шанпионот на Европа ја почна сезоната во групната фаза од лигата на шампионите со гостински триумф, кај Висла во Полска, 26-22 (13-9). Тоа е прв триумф на Вардар на гостински терен против полска екипа во досегашните натпревари.
Раул Гонзалез – тренер на Вардар
„Среќен сум бидејќи победивме. Тука е навистина тешко да се освојат бодови. Висла има одличен тренер и добри играчи. Ние добро игравме во одбрана и тоа беше еден од главните разлики. Висла беше подобра на почетокот н авториот дел. Тоа ни донесе проблеми, но успеавме да се консолидираме и да победиме. Промашивме многу зицери на средбата.
Иван Чупиќ – играч на Вардар
„Честитки за екипата на Висла. Имаа свои добри моменти, ние бевме подобри во првото полувреме, а тие во првите 15 минути од вториот дел. Знаевме дека тие играат многу добро на домашен терен, но мислам дека заслужено победивме. Ова се многу важни бодови за нас. Знам дека на сите екипи ќе им биде тешко тука да играат, па и да победат. Ние сега ќе уживаме во победата.