Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Тимур Дибиров го постигна вториот најубав гол, во првото коло од ЛШ
(ВИДЕО) Тимур Дибиров го постигна вториот најубав гол, во првото коло од ЛШ

(ВИДЕО) Тимур Дибиров го постигна вториот најубав гол, во првото коло од ЛШ

Вардар со победа ја започна новата сеона во лигата на шампионите, каде ја брани Европската титула. Црвено-црните славеа на гостувањето во Полска, против екипата на Висла Плок со резултат 22:26. По првото полувреме исто така имавме водство од 9:13. И оваа сезона после секое коло ќе се прави избор на најдобри голови и одбрани.

Уште во првото коло играч од Вардар се најде во изборот за ТОП-5 најубави погодоци. Тоа е крилото Тимур Дибиров кој повторно се најде во центарот на вниманието со еден негов убав погодок од неговата позиција. Поточно Дибиров го постигна вториот најубав гол во првото коло од лигата на шампионите.

Вака изгледа листата на ТОП-5 најубави погодоци.

1. Симонет ( Монпелје)

2. Дибиров ( Вардар)

3. Вујин ( Кил)

4. Бодо ( Сегед)

5. Гретцки ( Рајн- Некар).

Видеото со најдобрите пет голови можете да го погледнете на линкот ТУКА.