Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар победи, но и претстави неколку нови македонски таленти!
Вардар победи, но и претстави неколку нови македонски таленти!

Вардар победи, но и претстави неколку нови македонски таленти!

Вардарци лесно и убедливо дојдоа до нова, вкупно седма победа во СЕХА регионалната лига. Нашиот шампион убедливо го доби Извиѓач со резултат 42:30 (19:16). Вардарци на овој натпревар промовираа неколку нови ракометари кој во иднина можат да бидат од големо значење за нашиот тим. Тоа беа: Ѓоргески, Димитровски и Поповски. Сите играчи ко добија шанса на овој натпревар, освен голманите се запишаа во листата на стрелците.

Вардарци започнаа со негатива од два гола, но потоа работите како одминуваше натпреварот си доаѓаа на свое место. Па така во 15 минута од натпреварот нашиот тим имаше водство од 11:7 со голот на Фереира. Потоа се до 25 минута од натпреварот резултатот се движеше од три до четири гола за нашиот тим. На полувреме се замина со резултат 19:16. Во вториот дел Вардарци додадоа ”гас” и започнаа да играат уште подобар ракомет. Па така, во 40 минута од натпреварот нашиот тим имаше предност од високи 27:19. Потоа во 50 минута од мечот нашиот тим имаше и највисоки 35:23 со бомба удар на Борозан. Се до крајот на мечот се играше повеќе за нашите млади играчи кои постигнуваа погодоци. На крајот, резултатот беше убедлив. Нашиот тим овој натпревар го доби дури со 12 голови разлика.

Во Вардар најефикасни беа: Милиќ 12 одбрани, Ѓоргески 8 одбрани, Шишкарев 7 голови, Деревен и Борозан постигнаа по пет погодоци, додека пак четири постигнаа Фереира, Македа и Циндриќ. Младите Димитровски и Поповски постигнаа три, односно еден погодок.