Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Одбраната 5-1 ни донесе висока предност – Ѓорѓески: Благодарност до тренерот Гонзалес за укажаната шанса да бранам покрај големи голмански имиња
Гонзалес: Одбраната 5-1 ни донесе висока предност – Ѓорѓески: Благодарност до тренерот Гонзалес за укажаната шанса да бранам покрај големи голмански имиња

Гонзалес: Одбраната 5-1 ни донесе висока предност – Ѓорѓески: Благодарност до тренерот Гонзалес за укажаната шанса да бранам покрај големи голмански имиња

Вардарци стигнаа до седмата последователна победа во СЕХА-лигата, откако вечерва пред својата публика беа подобри од екипата на Извиѓач. Во натпревар со многу погодоци, на крајот црвено-црните славеа убедлив триумф од 42:30. По првото полувреме противникот пружаше отпор, кога на одмор замина само со три гола негатива. По завршување на мечот се одржа прес-конференција, на која своите впечатоци од мечот ги сподели тренерот Гонзалес и голманот Ѓорѓески.

-Сакам да им честитам на Извиѓач, денес одиграа многу добар натпревар, иако има млади играчи. Во првото полувреме се потрудивме да одиграме добра одбрана, нешто недостасуваше и примивме дури 16 голови. Но во второто полувреме преминавме на одбрана 5-1, која се покажа како успешна и затоа користевме лесни голови преку контра-напад. Тука ја направивме високата предност. Добрата игра на гостите на крајот не се прикажа и преку резултатот, рече Гонзалес.

Шанса за настап во второто полувреме доби младиот голман Даниел Ѓорѓески, кој го замени Страхиња Милиќ. Овој млад чувар ја искористи шансата која му ја пружа тренерот Гонзалес, забележувајќи вкупно осум одбрани.

-Одличен натпревар, сакам да им честитам на ракометарите на Извиѓач за добрата игра. Да му се заблагодарам на нашиот тренер за укажаната шанса, покрај големите голмански имиња што ги има Вардар и се надевам дека ако ми се укаже нова шанса ќе ја искористам и ќе се докажам, изјави Ѓорѓески,