Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор поразен на гости во Охрид

Вардар Јуниор поразен на гости во Охрид

Црвено-црните млади вардарци, избраниците на Стојан Петрушевски  гостувааа кај лидерот во Супер лигата, екипата на РК Охрид 2013. Млади ракометари од Вардар јуниор се  враќаа дома со пораз од 24-31 (8-15). Во петтиот меч за подмладениот вардаров сениорски суперлигашки колектив ова четврти пораз. Со истиот остануваме на претпоследното место на табелата.

Охриѓани отворија фуриозно со 6-0, потоа преку Вујачиќ Ристо намаливме на 6-1 во средината на полувремето.  Потоа тие отидоа на  8-1 што се покажа како клучно за натамошниот тек на мечот. Вардар јуниор немаше енерија да направи ништо во однос на пресвртот во продолжение. До крајот на полувремето ја подобривме значајно нашата игра постигнавме седум гола колку што и примивме сепак бевме далеку порамноправни. На одмор се отиде со резултат 15-8 на семафорот во СРЦ Билјанини Извори.
Во вториот дел оваа предност константно се одржуваше од домаќинот, со игра гол за гол на двете страни. Токму со “минус седум“ бевме и поразени на крајот 31-14.  Треба да се напомене дека дополнителен “пех“ беше што младиот  Вардар јуниор на ова гостување играше без тројца стандардни ракометари. Младите црвено-црни надежи:  Мартин Поповски, Иван Димитровски и Даниел Ѓорѓески беа прекомандувани во првиот тим за дуелот во регионалната  СЕХА лигата против екипата на Извиѓач. Најефикасен кај нас беше Мартин Манасков со 7 гола и црнагорскиот интернационалец Ристо Вујачиќ со  6 гола.

ВАРДАР Јуниор: Ивановски, Димов 3, Анѓелковски, Димовски, Георгиевски, Ангелов 5, Кизиќ, Анастасовски 1, Трпчевски, Симиќ, Ристов 2, Стојковски, Манасков 7, Кукуловски, Вујачиќ 6, Ончев.