Викендов на програмата во женската ракометна Супер лига е новото, петто коло. Во истото црвено-црните девојки од младата вардарова екипа ЖРК Вардар СЦЈС се гостинки во Битола. Избраничките на Симе Симовски гостуваат кај женскиот ракометен тим Пелистер.
Вардарки веќе се во низа од три победи по почетниот пораз во првото коло тие тргнаа да совладуваат се по ред, се надеваме дека таа низа ќе продолжи и во мечот со зелено-белите. Мечот е закажан за на 15 октомври во сабота. Ние сме лидери на табелата заедно со Металург со освоени девет бода, сепак ние имаме меч повеќе одиграно досега. Пелистер има одиграно три мечеви досега и има забележено само една победа и е петто пласиран во женската суперлигашка конкуренција. Во следното коло потоа сме домаќини на ЖРК Гевгелија.