Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија стартуваше во висока победа над Луксембург, Талески и Георгиевски се запишаа во листата на стрелци
Македонија стартуваше во висока победа над Луксембург, Талески и Георгиевски се запишаа во листата на стрелци

Македонија стартуваше во висока победа над Луксембург, Талески и Георгиевски се запишаа во листата на стрелци

Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија тргна со убедлива победа во рамките на квалификациите за пласман на Европското Првенство во 2024 година. Во арената „Борис Трајковски“ избраниците на Лазаров беа подобри од репрезентацијата на Луксембург со резултат 38:24.

Македонија уште од првата минута беше во предност на овој натпревар и не дозволи ниту во еден момент противнико да се доближи резултатски. Започнавме со серија од 3:0, за веќе по 20 минути игра да имаме двоцифрена предност од 14:4. На полувреме нашата предност гласеше 18:17.

Лазаров им даде шанса на сите ракометари кои беа во комбинација за вечерашниот натпревар. Разликата ја зголемувавме и во второто полувреме, но силите ги чувавме и за следниот натпревар против репрезентацијата на Турција.

Филип Талески беше стрелец на 4 гола, додека Гоце Георгиевски постигна 2.

311637086_5148343321936463_1493403715941001224_n