Вардарци со победа се враќаат од гостувањето кај екипата на Прилеп, која ја совладаа убедливо со резултат 20:34.
Избраниците на Давид Дејвис стигнаа до нова рутинска победа во домашната Супер Лига, заслужена со оглед дека имаа предност од првата минута на натпреварот. Како одминуваше првото полувреме растеше водството на Вардар, кое на полувреме беше изразено со двоцифрена разлика од 10:22.
Прилеп и во вториот дел постигна десет голови во нашата мрежа, период во кој Вардар исто така го контролираше резултатот. Немаше никаква резултатска неизвесност, на крајот висок триумф за Вардар изразен со резултат 20:34.
Вардар денес настапи со комбиниран состав, во кој недостасуваше Анте Гаџа, а шанса добија неколку млади ракометари. На крајот како најефикасен се покажа Јан Чувара кој постигна 5 голови. Стефан Атанасовски, Дарко Ѓукиќ, Ален Ќосевски и Мартин Карапалевски имаа по 4 погодоци.
Ова беше вкупно 16.победа за Вардар со која продолжува борбата за шампионската титула.