Поради големиот интерес на навивачите за присуство на натпреварот во сабота од 12 коло во ЕХФ Лигата на шампионите, против Веспрем, од утре (четврток, 14 февруари) ќе бидат пуштени во продажба дополнителен број на билети.
Истите билети ќе бидат за стоење и ќе се продаваат по цена од 150 денари преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански.
Мечот се игра во сабота со почеток од 17:30 часот, и истиот е прогласен за дерби на колото во ЛШ.