Вардарки се перфектни во 2019, по одигра две кола во младинската конкуренција и победите со РК Кузман во н.Илинден и дома во мечот со Стружанка денес ЖРК Вардар дојде до нов триумф. Попладнево гостувавме на ЖРК Шампион, натпреварот се играше во салата “ФФОСЗ“. Со доминантна игра црвено-црните дами победија со високи 10-40 (5-20).
На почетокот започнавме со почетни 1-1 по само 2.минути ракомет. Успеавме да ги затвориме приодите кон голот и влеговме во серија 0-4. Со голот на Диневска Бојана, двата одлично изведени пенали на Мими Петковска и погодокот на Костовиќ Ангела поведовме со 1-5. Клупата на домаќинот повика тајм-аут со цел консолидација. Веднаш потоа имаа голема шанса од пенал кој успеа да го одбрани Илиќ Андреа на нашиот гол. Се играше потоа гол за гол двата тима погодија по два пати за резултат 3-7. Налетот на црвено-црните беше пеколен, до 28.минута успеавме да зголемиме на двоцифрни 11 гола, поведувајќи со 6-17 со голот на Трпевска Ивона. До крајот останаа две минути, Грујовска на нашиот гол имаше две одбани во тој период, тоа во офанзива со голови го наградија двапати Трпевска и еднаш Гроздановска Ангела. Па на одмор заминавме со резултат 6-20 во наша корист.
Вториот дел започна како што заврши првиот со наша доминација и по исти рецепт. Одбраната на ниво одзема 4 топки, на голот Симона Грујовска ја “спушти“ ролетната врза четири одбрани. Сето тоа беше наградено во офанзива со серија 0-5. Ана Марија Божиновска погоди два пати, додека Ивона Трпевска три пати стрелаше за нас, па во 39.минута поведовме со 6-25. Противникот нашиот голман Грујовска ја совлада дури во 11.минута од вториод дел и тоа не од игра туку од пенал намалувајќи на 7-25.
За кратко отидовме на дваесет гола предност, на нашиот гол влезе Трајкоска Јована која отвори со интервенија, за 7-27 погоди Ива Јаковчевска. Вардаровиот тим денес фунционираше одлично во сите линии, голманите беа на ниво ( 15 одбрани: Грујовска 8, Трајковска 4 и Илиќ 3), одбраната беше перфектна, а нападот одличен и од контри и од позициони атаци. Се до крајот беше рутина, нашата одбрана и голманот Јована беше на ниво во напад казнувавме постојано за успееме да победиме со високи 30 гола позитива, 10-40.
Кај нас во овој триумф најистаканти беа Трпевска Ивона 9 гола, Симона Грујовска 8 одбрани, Петковска Мирјана 8 погодоци, додека Ана Марија Божиновска имаше 5 гола. Со бројката ‘4“ зад своето име заврши голманот Трајкоска Јована, додека исто толку голови постигнаа Николиќ Милица и Миновска Сара.