Првиот од двата натпревари кои треба да го дадат новиот ракометен шампион на Македонија, ќе се одигра во сабота (27.03).
Во сабота, Вардар е домаќин на тимот на Еурофарм Пелистер, најголемиот конкурент на црвено-црните сезонава за одбрана на домашната титула. Дуелот ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 17:00 часот.
Двете екипи стартуваа со по две победи во плеј-офот на супер лигата. И двете екипи се соочуваат со проблеми околу повредени играчи, сепак влогот е голем, па останува да видиме на составите на екипите во сабота.