Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо: Ги одмарав играчите по тешкиот дуел со Киелце – Кизиќ: Добро се подготвував за овој дуел
Парондо: Ги одмарав играчите по тешкиот дуел со Киелце – Кизиќ: Добро се подготвував за овој дуел

Парондо: Ги одмарав играчите по тешкиот дуел со Киелце – Кизиќ: Добро се подготвував за овој дуел

Вкупно осма победа сезонава за екипата на Вардар во СЕХА-лигата. Вечерва во С.Ц. Борис Трајковски нашиот шампион иако со видно изменет состав, сепак на крајот успеа да стигне до бодовите од овој дерби дуел (26:27). На прес-конференцијата после завршување на мечот се обрати тренерот Парондо кој го изјави следното:

-Најважно е дека победивме. Потребни ни беа овие бодови, па затоа сме задоволни. Моје грешка е што одигравме лош натпревар. Ги одмарав играчите по тешкиот дуел со Киелце, за да немаат притисок. Затоа игравме со поинаков состав.

Марко Кизиќ беше 60 минути на голот на Вардар и забележа 14 одбрани и беше еден од најзаслужните за победата.

-Секогаш кога се игра со Металург натпреварот е тежок. Ние ја имавме фаворитската улога и постоеше притисок. Се обидовме да прикажеме најдобро и на крај победивме. И јас добро се подготвував за овој натпревар.