Избраниците на Брестовац, идните членови на кадетската македонска репрезеација која идната година ќе бидат ЕХФ-шампионатот во Скопје одиграа вчера официјална средба. На Балканското првенство во Бугарија се сретнаа со домаќинот и одиграа реми од 25:25.
По крајот на првиот борбен дел домашниот тим замина со два гола предност, тие имаа 15-13 за време на паузата. Домаќинот успеа да се одлепи на високи шест гола, при резултат 12-6, ние со стрплива игра успеавме да заминеме со негатива од два гола на пауза. Во вториот дел ние направивме резултатски пресврт, на крајот водевме и со 23-25, но противникот успеа со два гола да ја анулира нашата предност па дуелот заврши со резултатска симетрија 25-25.
Вардарците забележаа значајни улоги, на натпреварот кој се одигра во градот Гоце Делчев. Давид Савревски постигна четири гола, Велимир Грујовски имаше еден погодок. Сепак тој одигра одлично во одбраната на оваа средба. Дел од стручниот штаб на ова селекција е вардаровиот тренер, Александар Царчев. Тоа веднаш се рефлектираше на теренот, неговиот пулен голманот Ацевски имаше речиси 40% одбранети удари на оваа средба.
МАКЕДОНИЈА: Ацевски, Тодески 1, Атанасијевиќ 1, Митев 4, Омерагиќ 1, Ташевски 3, Ивановски 6, Илиевски 1, Христовски 1, Ѓорговски 1, Грујовски 1, Ставревски 5, Андрески, Ивановски, Калајџиоски, Стојчевиќ