Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > За само 10.дена не очекува првиот натпревар во 2019 за РК Вардар
За само 10.дена не очекува првиот натпревар во 2019 за РК Вардар

За само 10.дена не очекува првиот натпревар во 2019 за РК Вардар

На Светското Првенство моментално се одигрува втората групна фаза, по која следи разврската за медалите. Клубските натпреварувања мируваат, но наскоро за само десетина дена се започнуваат возбудувањата. Нашиот Вардар на 31.јануари ќе го има првиот официјален натпревар во новата, 2019 година.

Станува збор за дуел од регионалната СЕХА Гаспром лига на кој гостуваме кај екипата на РК Војводина во Нови Сад, Србија. Дуелот ќе се игра, четврток (31/01/2019) со почеток во 18-00 часот. До крајот на регуларниор дел од регионалната лига остануваат уште само пет кола. Вардар и ППД Загреб се први со по 33.бода, и теоретски за сигурен завршен Ф-4 турнир потребни ни се само две победи. Играчите кои не беа дел од СП од после нова година работат во Скопје со Црвенковска, од вчера слободни од обврските поврзани со планетарниот ракометен собир се седум ракометари и тренерскиот двоец од првиот тим Парондо-Периќ.

На почетокот на следниот месец продолжуваат натпреварите и од групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите.  Тимот на  Вардар веќе на 6 февруари гостува кај Рајн Некар во Германија.