Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Slider > Седум играчи од Вардар завршија со настапи на Светското ракометно првенство
Седум играчи од Вардар завршија со настапи на Светското ракометно првенство

Седум играчи од Вардар завршија со настапи на Светското ракометно првенство

Седум играчи на Вардар завршија со настапи на Светското ракометно првенство кое се игра во Германија и Данска.

Македонија за која настапуваа Стојанче Стоилов и Мартин Поповски го финишираше мундијалот на 15.место. Во групната фаза, Македонија го освои 4.место, забележувајќи две победи и три порази. Во разигрувањето за пласман од 13-16.место, најпрво загубивме од Русија, додека вчера ја победивме селекцијата на Чиле (32:30) и завршивме на 15.место. На овој дуел, Стоилов успеа да постигне пет голови, додека Поповски беше стрелец на еден гол.

Русија за која на овој мундијал настапуваа најмногу играчи од редовите на Вардар, ова СП го завршија на 14.место. Во групата одиграа одлични натпревари, одиграа нерешено со Србија и Германија, но беа поразени во дуелите со Браззил и Франција, додека единствената победа ја забележаа во дуелот со Кореја. И тие разигруваа за пласман од 13-16.место, каде прво ја совладаа Македонија, додека вчера на последниот меч загубија од селекцијата на Катар (28:34). На овој натпревар Кокшаров играше со играчите кои добиваа мала минутажа на претходните натпревари. Така Дибиров постигна само три гола, додека во листата на стрелци не се запишаа Кисељев, Калараш и Шишкарев. На крајот Русија е на 14.место на мундијалот.

Од селекциите каде имаше играчи на Вардар, како најслабо пласирана заврши Србија која целосно потфрли и на ова СП. Србите на последните меч загубија од Аргентина (28:30) и на тој начин завршија на 17.позиција. На мечот со Аргентина, вардаровиот голман, Дејан Милосављев имаше три одбрани, а претходно на мундијалот забележа неколку добри настапи на голот на Србија.

Единствениот играч на Вардар кој продолжи во следната групна фаза и кој има шанси да се бори за пласман во полуфиналето е Игор Карачиќ. Тој со Хрватска вчера доживеа  незгоден пораз од селекцијата на Бразил (29:26), меч на кој Карачиќ постигна еден гол. Со овој пораз, Хрватска ќе има тешка задача да обезбеди пласман во 1/2 со оглед дека на следните два меча треба да се надигрува со Франција и Германија.