Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор стигна до втората победа во супер-лигата, на Кале беше совладана екипата на Борец
Вардар Јуниор стигна до втората победа во супер-лигата, на Кале беше совладана екипата на Борец

Вардар Јуниор стигна до втората победа во супер-лигата, на Кале беше совладана екипата на Борец

Младиот состав на РК Вардар Јуниор успеа да ја запише втората победа во најсилната супер-лига, откако на Кале ја победи екипата на ГРК Борец, со резултат 24:16.

Во првите пет минути од натпреварот се играше израмнето и гол за гол на двете страни, а тимот од Велес беше прв кој успеа да дојде од предност од два гола, откако постигна три последователни голови за резултат од 4:6. Сепак избраниците на Стојан Петрушевски не му дозволија на противникот да се одлепи и прават серија од 4:0, за сега тие а имаат воство од два гола (8:6). Се до последните пет минути од првото полувреме гостинската екипа имаше негатива од 1-2 гола, за Вардар Јуниор со нова серија од 3:0 да замине на пауза со највисоки четири голови преност (12:8).

Вардар во вториот дел не дозволи да ја испушти предноста и имаше целосна контрола на резултатот. Во 36 минута стигнавме до предност и од 17:12, за Борец да намали на 17:14 и Вардар да направи мини серија од два погодоци и да ја врати најголемата позитива во своја корист. Изгледаше дека Борец ќе замине од Скопје со достоен пораз се до последните шест минути од натпреварот кога резултатот на семфарот гласеше 19:16, сепак црвено-црните постигнаа уште пет нови голови, наспроти гостинот кој не успеа да го пронајде патот кон нашата мрежа. На крајот заслужена победа за младите Вардар која испадна и убедлива со конечен резултат од 24:16.

Во редовите на Вардар се истакна повторно десениот бек, Стефан Трпчевски кој постигна 10 голови, додека десното крило Мартин Димов беше стрелец на 6 гола. И покрај триумфот Вардар Јуниор остана на последното место на табелата, со еден бод помалку од последнопласираниот Металург 2 и четири од Борец.

Вардар Јуниор: Кизиќ, Димов 6, Ангелковски, Чакалиќ, Крстевски 1, Мишевски 5, Димитров, Кизиќ, Петковски, Карапалевски, Трпчевски 10, Николовски, Димитровски 1, Кукуловски 1, Стојменов, Цветаноски.